Акција за решавање на проблемот со уличните кучиња во Општина Бутел

Општина Бутел во соработка со ЈП Лајка деновиве спроведе акција за решавање на проблемот со уличните кучиња на неколку локации во општината.

 

Како што информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски биле таргетирани локациите околу општинските основни училишта и најфрекфентните места во општината.

 

     

 

Во прифатилиштето на ЈП Лајка, по спроведената акција, на заловените кучиња кои веќе имале поминато хуман третман од страна на стручните тимови им бил направен тест за социјализација.

 

 "Во наредниот период ќе продолжиме со оваа акција и на други локации на територијата на Општина Бутел", додаде Костовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.