Во Бутел, до црквата „Св. Јован Крстител” започна да се гради парк на 800 м2

Денеска во Општина Бутел, веднаш до црквата „Св. Јован Крстител” започна да се гради нов парк на 800 м2. Местото кое до сега беше синоним за запуштеност ќе добие нов лик, објави градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

На наведената локација ќе бидат поставени нова хидртантска мрежа, нов дрворед, нови ниски зимзелени дрвца како и нова урбана опрема.

Инаку, во моментов интезивно се работи и на втората фаза во паркот во населеното место Расадник. Вкупната површина на новиот парк ќе биде над 3000 м2.

"Продолжуваме со раззеленување на Општина Бутел со нови паркови и катчиња на кои ќе можат нашите граѓани да го поминуваат своето слободно време", пишува Костовски во својата објава.

 

 

https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel/videos/570502687250812/

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.