Се исчисти депонијата покрај Серава во Бутел 1

Депонијата која извесен временски период се создаваше покрај коритото на реката Серава во Бутел 1 веќе е исчистена, информираат од Општина Бутел.

Оттаму додаваат дека се поставени информативни табли со кои се укажува на забраната за фрлање шут и ѓубре на веќе исчистените депонии. На влезот на кејот се поставени столбчиња за да се спречи влегување на возила.

 

 

 

 

Од општината потсетуваат дека е активен телефонскиот број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават создавање нови депонии или локации на кои се наоѓа ѓубре и секако да пријават несовесни граѓани кои ја загадуваат животната средина.

 

Инаку, до сега, со редовни акции, општината исчисти над 30 депонии.

 

"Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачување на хигиената. Зелена и чиста Општина Бутел за поздрава иднина за сите нас!", апелира градоначалникот Дарко Костовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.