Се формира ЈП “Бутел 2022” кое ќе штеди и ќе нуди поквалитетно осветлување на општината

Советот на Општина Бутел едногласно со акламација донесе одлука за формирање ново јавно претпријатие за стопанисување, поставување и оддржување на јавното осветлување “Бутел 2022” со скратен назив ЈП “Бутел 2022”, информираат од Општина Бутел.

 

Јавното претпријатие ќе има задача да се справува со големата енергетска криза, да го оддржува и модернизира уличното осветлување, да штеди, но и да нуди поквалитетно осветлување.  

 

 

 

"За жал Општина Бутел е една од последните oпштини во која поголем дел од светилките се живини. Од почетокот на енергетската криза, покачувањето е за 476%, споредбено со месец декември во 2020 година, кога општината плаќала 1 328 000 денари, а за истиот месец во 2021 година, надоместокот изнесува 6 330 000 денари.", пишува градоначалникот Дарко Костовски. 

 

Со формирањето на ЈП “Бутел 2022” и преземањето на ингеренциите драстично ќе се намали фактурата на месечно ниво за улично осветлување и ќе допринесе за големи месечни заштеди, додаваат од Општина Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.