Герасимовски: Дојави за бомби во седум од осум основни училишта во Центар

Во седум основни училишта во Центар денеска имаше дојави за бомби.

Учениците беа евакуирани, а родителите повторно повикани да си ги земат.

Градоначалникот на Општина Центар на својот фејсбук профил повика на смиреност.

„На електронските пошти на основните училишта во Центар, ООУ „Ј.Х. Песталоци“, ООУ „Коле Неделковски“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ “Гоце Делчев“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Кочо Рацин“ стигнала порака за поставена бомба. Единствено нема потврда за ООУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец. Случаите се пријавени во полиција и евакуирани се учениците, наставниот и останатите вработени во училиштата. Полициски службеници вршат антитерористички проверки. Искрено се надевам дека конечно оваа серија лажни дојави на поставени бомби, кои сериозно не вознемируваат ќе заврши и ќе се открие кој стои зад нив. Уште еднаш повикувам на смиреност и следење на протоколите во овие ситуации”, напиша Герасимовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.