Објавен јавниот повик за поправка и санација на покриви и на лифтови во општина Центар

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните покривни конструкции и на постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на општина Центар, што се во согласност со програмата за комунални дејности за 2023 година.

Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на покривни покривачи e насочена кон замена на постојните со еколошки и нивна реконструкција во согласност со условите и критериумите за учество.

Проектот е поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постојните покривни конструкции и во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 % од вкупниот износ од вредноста.

Пријавите со целосна документација треба да се достават во архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9 до 15 часот, во периодот од 8 мај до 8 јуни 2023 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот прв дојден – прв услужен, а право на учество ќе имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на општина Центар.

Повеќе информации за условите и критериумите заинтересираните може да најдат на следниот линк: https://www.centar.gov.mk/?p=17263.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.