Герасимовски: „Ленинова“, по реконструкцијата, е модерна, урбана и зелена улица

Улицата Ленинова го доби финалниот лик, модерно уредена со многу зеленило, велосипедски патеки и паркинзи за станарите, објваија од Општина Центар. По неколкумесечната реконструкција, денеска, и официјално, Општината ја промовира една од главните сообраќајници во општината.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека „Ленинова“, по реконструкцијата, доби европски лик.

„Во изминатиот период на ‘Ленинова’ се работеше на поставување атмосферска, водоводната и фекалната канализација, подземно се спушти кабелската мрежа и се отстранија старите дрвени бандери, со што се ослободија тротоарите. На улицата се поставени паркинзи за велосипеди, се обележаа велосипедски патеки од двете страни на улицата, се оформија и паркинзи за резидентните станари. Улицата Ленинова е една од главните артерии во општина Центар и мило ми е што, по оваа реконструкција, граѓаните што живеат овде, но и посетителите, ќе имаат убаво уредена и современа улица. Со поставувањето на завршниот слој асфалт, новите канделабри и урбаната опрема, улицата ‘Ленинова’ го доби и финалниот лик како европските улици“, вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Покрај новата урбана опрема, на улицата исто така се оформи и зеленилото со закројување на крошните од дрвјата, кои го попречуваа видикот и ги оштетуваа фасадите на станбените згради.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.