Герасимовски: Се асфалтира паркингот зад Народната банка

Општина Центар минатата недела го прошири дивиот паркинг зад Народна банка, а денеска и го асфалтира. Станува збор за паркинг кој имаше оштетен асфалт и на кој без никаков ред се паркираа коли кој каде ќе стигне често и блокирајќи се меѓу себе.

Овие денови Општина Центар го изгреба стариот и испукан асфалт, го прошири паркингот на околу 3000 метри квадратни и обезбеди паркинг места за околу 250 автомобили. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, беше на увид на асфалтирањето и оттаму порача дека конечно паркинг просторот ќе се регулира и ќе се воведе ред во паркирањето.

„Конечно паркинг просторот на кој се паркираа автомобили без ред ќе се регулира, прошири и асфалтира. Паркингот беше во лоша состојба, а денеска веќе се асфалтира по што и ќе се обележи согласно сообраќајниот проект на Паркинзи на Општина Центар. Со ова воведуваме ред во паркирањето и безбедноста и на возачите и на печаците кои поминуваат овде“, изјави Герасимовски.

По обележувањето на паркинг местата со цел да има ред во паркирањето Јавното Претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ ќе постави и инфо обележје за корисниците на паркингот. Овој отворен паркинг главно го користат вработени од институциите и околните претпријатија. Општина Центар продолжува да вложува во проекти кои воведуваат ред во сообраќајот и го регулираат паркирањето, информираат од општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.