Општина Центар започнува со изведба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и Буњаковец

Општина Центар по барање на граѓаните започна со изведба на нови и реконструкција на постоечки пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и улицата Никола Тримпаре во населбата Буњаковец.

Општина Центар започна со изведба на пешачки патеки со бекатон плочки околу Олимпискиот базен затоа што повеќе години овој дел од Центар делуваше запуштено и неуредено и при поинтензивен дожд пристапите се полнеа со вода со што движењето на граѓаните беше отежнато. Со бекатон плочки се поплочува и улицата Никола Тримпаре во населбата Буњаковец која исто така при пороен дожд го отежнуваше сообраќајот за возилата и пешаците.

Со изградбата на пешачките патеки Општина Центар продолжува да ја подобрува состојбата на постојните патеки, како и да изведува нови пешачки патеки на нејзина територија кои ќе придонесат за нејзин развој и разубавување, информираат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.