Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за секое урбанистичко зло во Центар

„ВМРО-ДПМНЕ е последна која што било треба да кажува на тема урбанизација во Центар. Она што денес е општината на урбанистички план е последица на нивното дивеење, криминал и алчност, а граѓаните добро паметат кој и како работел за општината.

Општина Центар и актуелното раководство се пример за транспарентно работење, особено во делот за урбанизмот. Ниту педа државно земјиште не е отуѓено, ни злоупотребено, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, и се гради по пропис и закон. Сите нови ДУП-ови што се донесени се скроени исклучиво во интерес на граѓаните, со зголемени зелени површини и намалени габарити на зградите, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го правеше целосно обратно. Општината денес е вистински сервис на граѓаните и нивните потреби работејќи транспарентно во согласност со законите“, реагира Општина Центар на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалникот Герасимовски во својот мандат има иницијативи за справување со урбанистичкиот хаос наследен од ВМРО-ДПМНЕ, како иницијативата, со која, наместо 30 % од сопственост за дооформување земјиште, ќе бидат потребни 70 % сопственост и иницијативата за конфискација на дивоградбите.

Вакви политики во времето на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ е партија што си носеше ДУП-ови од ракав, онакви какви што само ним им одговараше, па и покрај протестите на граѓаните, тие си ги донесуваа во сила. За ВМРО-ДПМНЕ, Општината секогаш била и ќе биде сервис на партијата и плодна почва за богатење на алчните партиски челници. Центарци нема да подлегнат на овие манипулации од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи добро се сеќаваат кој им носеше гласачи од Пустец само за да се приграбат до некоја зграда повеќе за свои потреби“, се додава во реакцијата на Општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.