„Жители на Центар загрозени од приватна клиника во објект за домување“, вели партијата Левица

„Во станбената зграда на улицата Димче Мирчев бр. 20 се планира изградба на нова болница, но по цена на здравјето на станарите на зградата“, велат од Левица.

„Во склоп на таа болница ќе се постават апарати со високо јонизирачки зраци како рентген апарат и апарат за компјутерска томографија кои со самото свое зрачење имаат негативен ефект врз здравјето на станарите на зградата.

Истите тие според безбедносни протоколи треба да бидат поставени најмалку 6 м под земја заради заштита од зрачење, но тука спротивно на здравствените протоколи и препораки, се планира да се постават на самото приземје каде покрај тоа што би имало секојдневно зрачење, тежината апаратите која изнесува и по 7 тони може сериозно да ја нарушат статиката на самата зграда. Под приземјето во зградата има и подземна гаража, во која доколку се постават овие апарати во опасност би биле луѓето кои се движат таму и самите возила, како и целата статика на горните катови“, соопшти партијата Левица.

„Меѓу другото, се планира и исфрлање на медицинскиот материјал во рамките на дворот на зградата во посебни контејнери што е неприфатливо и недозволиво во ниедна држава во светот.

Граѓаните на зградата остварија и средба со советникот Владимир Огненоски од советничката група на Левица, а на 13.11.2023 поднесоа иницијатива и до советот на Општина Центар,а со фактот дека повеќе од 90% од станарите веќе собрале потписи против изградба на овој објект!

Левица во советот на Општина Центар на декемвриската седница ќе отвори опширна дебата по ова прашање и јасно ќе застане во одбрана на своите сограѓани“, се наведува во соопштението на партијата Левица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.