Герасимовски: Еко акции во сите основни училишта и градинки во Центар

По повод првиот ден на пролетта во сите основни училишта и градинки во Општина Центар се проведува еко акција во која наставниот и воспитниот кадар заедно со дечињата и учениците го чистат сметот и садат нови цвеќиња и садници. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски им се приклучи на учениците во ООУ „Ј.Х. Песталоци“, а со донации на цветен расад се приклучија и нашите пријатели од Рамстор во ООУ „Гоце Делчев”.

„Еко акциите кои денеска се спроведуваа во сите училишта и градинки имаат одличен едукативен карактер за децата од градинките и ученици. Тие се одличен пример да ја развиваме свеста за чиста и уредена средина, дополнително садењето цвеќиња и садници ќе ги разубават и развеселат предучилишните и дворовите во училиштата, а воедно и ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот. Затоа е потребно вакви еко акции да имаме повеќе и на различни локации“, порача Герасимовски.

Во рамки на Меморандумот за соработка, Пакомак неколкупати одржа еко часови каде ги запозна основците со правилното селектирање на отпадот и бенефитот од неговото рециклирање. Во училиштето има поставено и машина се селектирање на пластични и стаклени шишиња и лименки и за секое од нив Пакомак одвојува по 2 денари за училиштето, еден денар за реквизити, еден за Фондот за талентирани ученици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.