„Скопје е развластен град“, вели Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, и прв вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија се приклучи на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата за садење дрвја и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта.

Во изјавата за медиумите Ковачевски истакна дека со оваа активност Општина Центар претставува одличен пример за тоа на кој начин треба да се одржуваат и хигиената и зазеленувањето на општината и дека оваа акција дава пример оти средината, екологијата, е нешто за кое сите ние мора да се грижиме.

„За жал, градот Скопје во последните две години се наоѓа во една, би рекол, запуштена состојба. Практично, Скопје е како развластен град по победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Практично како и да немаме градоначалник, да нема Совет. Со тоа се потврди дека оние ветувања што беа дадени пред две години од страна на ДПМНЕ, од страна на нивниот претседател и раководството, дека ќе добиеме градоначалник што ќе го осовремени градот, беше едно лажно ветување чиј резултат на крајот сите го гледаме“, истакна Ковачевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.