Герасимовски: Новата трпезарија во ООУ ,,11 Октомври“ реконструирана по мерка на децата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски го посети основното училиште „11 Октомври“, каде пред стартот на новата учебна година темелно е реконструирана училиштната трпезарија.

Во трпезаријата на површина од 165 квадратни метри се заменети старите дотраени плочки, поставени се дрвени облоги на ѕидовите, а старите врати се заменети со нови ПВЦ врати. Набавен е комплетно нов модерен мебел. Новите маси со димензии 140×90 се изработени од материјал отпорен на топлина и гребење. Модерниот и разигран дизајн на трпезаријата го надополнуваат столчињата во живи и весели бои, со ергономски дизајн за поудобно седење и заоблени агли за подобра безбедност. Реконструиран е и делот на кујната каде се приготвуваат оброците за учениците, информираат од општината.

„Сакавме да креираме простор каде нашите најмлади ученици ќе се чувствуваат пријатно и убаво кога појадуваат и ручаат. Тоа и ни беше главниот мотив кога ја реконструиравме трпезаријата и со задоволство можам да кажам дека успеавме во тоа. Добивме просторија реновирана по највиоски стандарди, со задоволни и среќни деца“, истакна Герасимовски.

Појаснуваат дека покрај реконструкцијата на трпезаријата, пред стартот на школската година варосана е фискултурната сала.

Во завршна фаза е и реновирањето на тоалетите, со промена на подните и ѕидни плочки, поставување нови подни сифони, а комплетно е сменета санитарната опрема и галантерија. Се поставува и ново осветлување, како и замена на сите постојни дрвени врати, се дополнува во информацијата од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.