Герасимовски: Се одложува концертот „Нешто што ќе остане“, ќе чекаме подобри временски услови

Поради временските услови Општина Центар ја известува јавноста дека концертот „Нешто што ќе остане” кој беше закажан за 14 септември во Паркот на Франкофонија ќе биде одложен. Станува збор за концерт кој се одржува под ведро небо и на кој треба да настапат Влатко Лозаноски, Пајак, Лара, Таско, FIC & D’INVISIBLES и Сашко Коцев како водител на концертот. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека граѓаните ќе бидат известени за новиот датум на одржување кој зависи од стабилизирање на временските прилики.

 

„Сакам да ги известам сите граѓани кои планираа да бидат наши гости дека концертот кој требаше да се одржи оваа сабота ќе биде одложен. Ќе мора да почекаме стабилизација на времето и подобри временски услови за повторно закажување на концертот. Нашата цел е сите да се забавуваме и уживаме во домашната македонска музика“, порачува Герасимовски.

 

Општина Центар концертот „Нешто што ќе остане“ го одржува втора година по ред со цел да ја афирмира домашната музика и домашните автори но и да ги подигне културните вредности во општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.