Салата Работнички ќе биде готова до октомври, Герасимовски вели дека лично тој, редовно прави увид

Салата „Работнички“ чија реконструкција по 50 години почна во јануари годинава, ќе биде готова до октомври. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денес извести дека редовно оди во контрола на градилиштето.

 

„Во полн ек е работата на салата Работнички. Добро одат градежните работи. Имаме редовни увиди од страна на службите, но и од моја страна за да видиме како течат самите работи. Планираме септември-октомври, доколку се оди во најдобар ред, доколку навремено се исплаќаат сите оние ситуации кои што се доставуваат од фирмите кои што работат на салата, верувам дека до октомври месец истата ќе биде отворена“, вели градоначалникот Герасимовски.

 

Спортската сала „Работнички“ се реконструира со пари од државниот буџет. Во декември 2023 година Владата изгласа 30 милиони денари да бидат префрлени на Општина Центар за оваа намена, а оваа година Општината од Владата доби дополнителни 1,5 милион евра.

 

Проектот предвидува нов покрив, фасада, проширен терен, нова еластична подлога, подно греење, климатизација,  модерно осветлување и на местото на бетонските клупи да бидат поставени 891 седиште.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.