Полицајци-велосипедисти ќе патролираат низ Општина Центар

Полицајци-велосипедисти

Пред СВР Скопје -Полициска станица Центар денеска беше промовиран проектот ,,Полицајци - велосипедисти,,. Од Општината информираат дека на почетокот на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони.

 

Со ова, како што се наведува, ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје.


Од Општина Центар информираат дека со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина. Овој проект во иднина ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните. Полицајците - велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата на проектот ,,Полицијата и граѓаните,, со нови стандарди и начини на комуникација и соработка.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.