All for Joomla All for Webmasters

Признато хуманото дело на малолетниците од Центар

Хумано дело на деца од Центар

13-годишните деца Петар Тодоровски, Ведран Лауренчиќ и Мила Кочевска, кои пред два дена спасија патник во градски автобус, кому му се слошило и колабирал за време на возењето, добија признанија од Општина Центар за нивната храброст и пожртвуваност.

 

Градоначалникот Саша Богдановиќ рече дека тие треба да бидат пример за сите деца, а и за нас возрасните. Ведран Лауренчиќ едно од хуманите деца рече дека секој треба да знае како се пружа прва помош затоа што не се знае кога ќе ви притреба за да помогнете некому, а можеби и да спасите човечки живот. Најважно е да не се паничи, да се остане присебен, но и да се знае што е најважно да се направи при вакви случаи.


Интересна коинциденција е што трите деца се враќале од натпревар по прва помош кога се случи настанот во автобусот со број 57. Тие забележале дека на еден од патниците не му е добро при што му кажале на возачот да запре и со помош на дел од возрасните го извадиле надвор од автобусот. Применувајќи го своето знаење го спречиле да го голтне јазикот и му ја преврзале главата од каде крварел по што пристигнало амбулантно возило кое го однело повредениот човек на скопските клиники.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.