Овозможен детален преглед на урбанистичките планови на Општина Центар

Општина Центар го воведе Географскиот информациски систем (ГИС) и од воведувањето, услугата е достапна и корисна за сите заинтересирани кои сакаат да се информираат за урбанистичкото планирање на општината.

 

ГИС порталот на Општина Центар ги содржи сите важечки детални урбанистички планови и овозможува графички преглед и пребарување на просторните податоци. Покрај деталните урбанистички планови, градежните и катастарските парцели, постои можност за пребарување по слоеви на градежни и катастарски парцели.

 

Во зависност од потребата, слоевите можат да се вклучуваат или исклучуваат. Со ГИС порталот се овозможува детален преглед на деталните урбанистички планови: намената на градежните парцели, површината за градење, катноста, процентот на изграденост, изработувачот на планот, годината на донесување, но и можност за нивно преземање .

 

„Со примена на ГИС порталот се олеснува пристапот до податоци на граѓаните, а воедно се заштедува и времето потребно да се дојде до потребна информација со која располага оваа технологија. За поголема транспарентност пред граѓаните, општината работи на надградување на ГИС порталот со податоци за урбаната опрема: улично осветлување, канти, клупи, шахти и слично, со што ќе се овозможат поголеми и подобри услуги, подобрена и побрза комуникација со граѓаните, но и поголема ефикасност во работењето на службите на општината“, велат од oпштината.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.