All for Joomla All for Webmasters

Советниците го продолжија мораториумот за градби во Центар

Советот на Општина Центар на седница одлучи да го продолжи мораториумот за градби на територија на општината, односно повторно ја донесе одлуката за запирање на спроведувањето на деталните урбанистички планови.

 

Мораториумот за градби за првпат беше донесен на 27 декември минатата година и продолжувањето е со важност до 30 април 2019-та.

 

Со мораториумот, 31 ДУП се враќаат на повторна доработка, а истовремено се забранува издавање на одобренија за градби на територија на општината, со што идејата на општината е да воведе ред во урбанистичкото планирање, но и да придонесе кон намалување на загадувањето на околината и атмосферскиот воздух, соопштија од Општина Центар.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.