All for Joomla All for Webmasters

ПОЦ во Центар отстрани 188 непрописно паркирани возила за една недела

Во текот на минатата недела на територија на Општина Центар со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје отстранети се 188 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти јавното претпријатие.

 

Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 17 до 22 декември 2018 година, санкционираа 188 непрописно паркирани возила, од кои две возила биле затекнати на паркинг места за лица со посебни потреби.

 

ПОЦ апелира до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните одбележани паркинг места, со цел да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.