Крводарителска акција во Општина Центар

Општина Центар во соработка со општинската организација на Црвениот Крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиологија организира крводарителска акција. Во интерес на успешноста на акцијата, Општината ги повикува сите граѓани кои сакаат да бидат хумани, да дојдат во просториите на општината (барака 6), денеска од 09:00 до 12:00 часот и да даруваат крв.

 

Во крводарителската акција ќе се вклучат вработените на Општина Центар и вработените од Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), а акцијата е од отворен карактер.

 

Дарувањето крв е највисок алтруистички чин кој се темели на принципите на доброволност и солидарност, а крвта е лек за кој не постои соодветна замена. Затоа е значајно во секое време да има доволни количини на крв, што може да се постигне единствено со доволно крвни резерви во трансфузиолошките служби.

 

Општина Центар три пати годишно организира крводарителски акции. Крводарителските акции имаат за цел да ги зголемат резервите на крв, да ја подигнат свеста за важноста на крводарителството, но и да ги унапредуваат и промовираат систематските и организирани крводарителски акции, се наведува во соопштението од Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.