Изминатиот месец собрани 30 тони отпад во Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 05 Октомври 2019
Заложбите за почиста и поздрава животна средина се реализираат со акциите на службата за одржување на хигиената во центарот на градот, кои продолжуваат и во наредниот период.
Се расчистуваат дивите депонии и се собира кабастиот отпад во сите делови на Општина Центар.
За минатиот месец, покрај редовното одржување на хигиената на општината, службата за одржување на хигиената целосно исчисти и 10 диви депонии и собра вкупно 30 тони отпад.
Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ упатуваат апел до сите жители и граѓани кои транзитираат низ општината, ѓубрето и отпадоците да ги оставаат во назначените места за таа намена, затоа што чистата околина и здравата животна средина се придобивки за сите нас, соопшти Општина Центар.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс