Започна аплицирањето за поправка и санација на кровови и лифтови во Општина Центар

Општина Центар објавува јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради на подрачјето на Општина Центар, информираат од општината.

„Трета година по ред Општина Центар објавува јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и станбени згради. Досега се санирани 53 станбени објекти, а проектот е поддржан со средства од буџетот на Општина Центар во висина од 30% од вкупниот износ на вредноста. Ги повикувам сите заинтересирани граѓани и сопственици на заеднички делови од станбените згради да се пријават, да аплицираат на јавниот повик и со тоа да помогнеме, заедно да ги направиме станбените објекти подобро и похумано место за живеење“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици. Селекцијата на одбрани апликанти ќе се врши по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Право на учество имаат сите заинтересирани заедници на сопственици на станови, под следните услови: Доколку се работи за реконструкција на постоечки кровни конструкции, тие треба да бидат оштетени, доколку се работи за поправка и санација на лифтови, тие треба да бидат неисправни, но постоечки; сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда; и најмалку 70% од становите во зградата (влезот) да се користат (се вселени) во текот на целата  година (вклучувајќи и изнајмени станови).

Пријавите заедно со целата документација можат да се достават секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот директно во архивата на Општина Центар (барака бр.6) или по пошта на адреса ул. Михаил Цоков бр.1 – Скопје, во периодот од 23.11.2020 до 7.12.2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.