Донација од Општина Центар во чест на жената со чии органи се спасија три животи

На денешната седница на Советот на Општина Центар едногласно била усвоена одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, починатата пациентка со чии донирани органи беа спасени три животи, инфорираат локалните власти.

„Како Општина Центар, ова е најмалку што можеме да направиме и да му се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек. Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000 денари од буџетот на Општината, а средствата ќе му ги донираме на нејзиното семејство“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Средба со семејството на Василковска неодамна оствари и министерот за здравство, Венко Филипче, кој истакна дека 40-годишната Јасмина била мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа.

„Немам зборови со кои може да ги опишам големината и човечноста на семејството Василковски, кои во саботата, во моменти на најголема болка, одлучија да ги донираат нејзините органи“, порача во таа пригода министерот Филипче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.