Општина Центар по барање на Здружението на пензионери го премести пензионерскиот клуб “Невена Георгиева Дуња” од Трговскиот центар Беверли Хилс поради зголемен интерес за дружба и секојдневни средби на пензионерите. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги посети новите простории кои се наоѓаат веднаш до Заводот за рехабилитација и ги запозна присутните со проектите за пензионери кои ги спроведува општината.
 
Вчера вечер, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински градежен инспектор и припадници на полицијата, излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала, информираат од Општина Центар.
 

Без вода делови на Центар

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска поради дефект на приклучна цевка Ф-80мм на ул.Мајаковски 7 во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Мајаковски водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. ( општина Центар)
 
Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЈП Водовод и канализација известува дека денеска 28.02.2023 година (Вторник), поради водоводен приклучок од ф 100 мм на Бул.Страшо Пинџур бр.6. прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од бул. Страшо Пинџур (о. Центар) од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
 
Во седум основни училишта во Центар денеска имаше дојави за бомби.
 
Градежните зафати на улицата Ленинова течат со интензивна динамика. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид при поставувањето на атмосферската канализација која досега не постоеше.
 
Утре, среда, 15.2.2023, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“.
 

Без вода дел од корисниците од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бб во населба Центар, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и Шумадиска.
 

Без вода дел од корисниците од Општина Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради стопирање на мрежа ф80мм на ул.Страшо Пинџур бр.6, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул.Страшо Пинџур, Цицо Поповиќ и Стале Попов од 09:00 часот до завршување.
 
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните работи на градинката „Пролет“, која е прва градинка во истоимената населба и прва градинка по цели 50 години во општина Центар. Се информира за текот на градежните зафати и за напредокот на самата градба.
 

Дел од улицата Васил Ѓорѓов со прекинато водоснабдување

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради дефект на приклучна цевка, на улицата Васил Ѓорѓов бр. 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
 
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сеуште е во градба.
 
Во продожение интегрално го пренесуваме Демантот на текстот со наслов: Сопственикот на бутикот „Шејн“ денес почна со отстранување на доградбата на улицата Македонија.
 
Сопственикот на бутикот „Шејн“ денес почна со отстранување на доградбата на улицата Македонија.
 

Без вода дел од корисниците од Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа на ден 30.12.2022 година ( Петок ), без водоснабдување ќе бидат корисниците од о. Центар и тоа:
 
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување на националниот сервис МРТВ 1 најави богата предновогодишна програма која ќе се одржи на 29-ти и 30-ти декември на улицата „Боемска 1“ во Дебар Маало.
 
Започна предновогодишната забава на улицата „Боемска 1“ во Дебар Маало. Станува збор за дводневни настани за децата и возрасните кои ги организираат Општина Центар заедно со општествено одговорните компании. Улицата „Боемска 1“, ечи денеска од детските радости, песни и музички настапи, градоначалникот Горан Герасимовски на дечињата им ја честита новата година и им посака многу здравје, среќа и успеси. На бината ги покани и Дедо Мраз и Спајдермен кои им поделија пакетчиња на присутните дечиња.
 

Без вода дел од Општина Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиенa информација од ЈП Водовод и канализација, известува дека денеска поради одредени технички зафати без вода ќе бидат жителите на ул. Роса Плавева бр. 6 во Општина Центар.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.