„Катастрофална состојба на локалитетот Острово – одлика на неспособноста на градоначалникот Стефковски“, вели партијата Левица

„Локалитетот Острово, некогаш живо засолниште за ретки видови птици и богат екосистем од над 600 видови дрвја, сега е во урнатини, жртва на запоставување и рамнодушност. Јавното комунално претпријатие на општина „Гази Баба“ срамно ја игнорира својата законска обврска за одржување и заштита на овој споменик на природата“, велат од партијата Левица.

„Градоначалникот од ДПМНЕ, Бобан Стефковски и неговите инспектори не ја исполнуваат својата законска обврска да го заштитат локалитетот, кој воедно е споменик на природата. Секојдневно сме сведоци на нови недозволени сечи на заштитената биомаса, додека на самиот простор има се поголем број на диви депонии.

Левица најостро ја осудува ваквата неодговорност и незаинтересираност. Го повикуваме градоначалникот Стефковски и неговите инспектори веднаш да ги исполнат законските обврски, да го исчистат Острово и да преземат конкретни чекори за обновување и заштита на ова витално природно богатство.

Жителите на Гази Баба заслужуваат градоначалник на кој приоритет му е зачувувањето на нашата животна средина пред негрижата и рамнодушноста. Борбата почнува сега“, се наведува во соопштението на партијата Левица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.