
Сашо Кукески од ВМРО-ДПМНЕ е нов претседател на Советот на општина Гази Баба
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 10 Јули 2024

На денешната редовна седница Советот на општина Гази Баба го избра советникот Сашо Кукески од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.
Советникот Кукески е жител на населбата Хиподром, истиот е магистер по економски науки, оженет и е татко на две деца.
По завршување на седницата на Советот, градоначалникот Бобан Стефковски ја одржа првата средба со новиот претседател на Советот Сашо Кукески.
Новиот претседател Сашо Кукески е избран откако на претходната претседателка на Советот Дијана Илиевска и престана мандатот Советник во Советот на општина Гази Баба, бидејќи истата беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија по изборот на новата Влада.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
