(Видео) ЕКОЗВОН продолжува со едукација во училиштата во Гази Баба за штетноста на е-отпадот
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 14 Октомври 2024
Здружението „Екозвон“ во соработка до Општина Гази Баба го одбележува меѓународниот ден за рециклирање на е-отпад, преку реализација на проектот „Знаете ли колку е штетен е-отпадот?“.
Проектот се спроведува во текот на учебната година во основните училишта во Општина Гази Баба.
Деновиве се одржаа работилници со предавање на оваа тема во основните училишта во населените места Трубарево и Јурумлери.
Целта на проектот е да ја поттикне креативноста кај децата од основното образование и да ја подигне нивната еколошка свест преку предавања на теми за заштита на животната средина со главен фокус на селекција и рециклирање на е-отпадот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс