(Видео) Ученици од Гази Баба во посета на Единицата за службени кучиња на МВР

Денес во посета на Министерството за внатрешни работи во Единицата за службени кучиња беа учениците од шесто одделение од ООУ.„Наум Наумовски – Борче“ – Гази Баба и Бобан Стефковски, градоначалникот на оваа скопска општина.

 

 

Гостите, придружувани од претставници кабинетот на министерот Тошковски, имаа можност да се запознаат со работата на оваа полициска единица и се што прават службените кучиња за безбедноста на граѓаните, вип лица и објекти како откривање експлозиви, оружје и забранети супстанции, извести МВР.

 

„Потоа учениците присуствуваа на показна вежба на која службениците полициски кучиња извршуваа наредби од своите тренери и во пракса пронајдоа експлозиви и оружје исто како што би било во реална ситуација. На крај учениците имаа можност да се дружат со најмалите кучиња кои се на почетокот на процесот на тренирање. Секако имаше и многу прашања кои се одговорија како: Дали едно куче може да пронаоѓа повеќе работи и оружје и дрога, кога почнува а кога завршува обуката на едно полициско куче, кој им ги дава имињата на кучињата, на кои полициските службеници одговорија со задоволство. Секако дечињата научија дека за безбедноста на сите нас, освен полицијата надлежен и секој со своето однесување и дека кога сите внимаваме, сите сме побезбедни.

 

МВР преку вакви активности продолжува да ја доближува полицијата до граѓаните, прикажувајќи ја работата на различните сектори. Целта е јасна: повеќе доверба, поголема безбедност и заедничко учество во градење на посигурна средина за сите!“, се наведува во соопштението на Министерството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.