Поставени 6 филтри за вода во училиштата и градинките во Гази Баба

Филтри за вода

Децата од училиштата и детските градинки од Општина Гази Баба ќе добијат чиста и здрава вода за пиење. Во ОУ Дане Крапчев во населбата Ченто денека беше поставен филтер или прочистувач за вода.

 

Вакви прочистувачи во изминатите денови се поставени во три основни училишта и три градинки на територија на Општината. Како што информираше градоначалникот Борис Георгиевски за оваа намена годинава се издвоени 600 илјади денари. Како што рече тој, иако водата доаѓа од Рашче, причината за поставување на овие филтри, се старите водоводни системи низ кои поминува водата која доаѓа до домовите.


Градоначалникот Георгиевски додаде дека поставени се филтри во ОУ 25 Мај, ОУ Крум Тошев, ОУ Дане Крапчев и во детската градинка во Хиподром во објектот Пони, објект Сонце во населбата Ченто и во објектот Темјанушка во населбата Автокоманда. Општина Гази Баба и понатаму во рамките на своите можности во плат е за следната година да поставу вакви филтри и во останатите 8 основни училишта и во останатите објекти на детските градинки.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.