All for Joomla All for Webmasters

Со испраќање фотографија на Вибер на 078/484-265 пријави комунален проблем во Општина Гази Баба

Пријави комунален проблем

Со цел поефикасно решавање на комуналните проблеми во Општина Гази Баба, ЈКП Гази Баба активираше Вибер линија за пријавување проблеми со фотографија, а екипите ќе одговорат во најкус можен рок. Од општината информираат дека започнува голема Еко акција за расчистување на малите диви депонии, подигнување на електронскиот отпад како и подигнување на било каков мебел и стара облека на целата територија на Општина Гази Баба.

 

ЈКП Гази Баба во соработка со Нула Отпад и Црвен Крст Гази Баба, а со подршка од Општина Гази Баба започнува голема Еко акција за расчистување на малите диви депонии, подигнување на електронскиот отпад како и подигнување на било каков мебел и стара облека на целата територија на Општина Гази Баба.


За таа цел, од општината и од јавното комунално претпријатије ги повикуваат жителите на Општина Гази Баба да пријават било каков проблем, а екипите ќе одговорат во најбрз можен рок. За таа цел активирана е и Вибер линија на која со испраќање фотографија и локација ќе може проблемот да се посочи и побрзо да се реагира од страна на екипите на ЈКП Гази Баба. Бројот на кој преку Вибер, СМС порака или телефонски повик може да пријавите некоаков комунален проблем е 078/484-265. Од општината истакнуваат дека доколку мебелот е сочуван истиот може да се донира во некое семејство преку Црвен Крст на Гази Баба.


Исто така по набавка на ЈКП "Гази баба 2007" на новиот телескоп, машинка за кастрење гранки, започнато е решавањето на поголем дел од барањата на граѓаните, односно се кастрат посочените гранки кои претставуваа проблем на граѓаните од општината.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.