All for Joomla All for Webmasters

Две канцеларии за превенција за зголемување на безбедноста на црната точка Стајковци-Сингелиќ

Канцеларија за зголемување на безбедноста

Во Стајковци е отворена првата канцеларија за превенција на Советот за превенција во општина Гази Баба, каде жителите од овој дел ќе можат да ги пријават сите повреди на слободата и правата, а преку директната комуникација со нив ќе се работи на поголема превенција.

 

Како што најави градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски со отворањето на повеќе вакви канцеларии ќе се зголеми безбедноста на жителите, бидејќи во овој дел се забележани повеќе пати нарушувања на јавниот ред и мир. Градоначалникот Георгиевски додаде дека преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, сакајќи да ја врати довербата на граѓаните во полицијата. А тепачките и несаканите инциденти што се случија во изминатиот период во автобусите на ЈСП градоначалникот Георгиевски додаде дека ќе станат минато.

 

Со отворањето на ваквите канцеларии во повеќе населени места се упатува порака до оние што од различни причини ја злоупотребиле функцијата на децата да не го повторат истото.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.