Во Гази Баба граѓаните ќе се изјаснуваат на локални референдуми

 

Институтот за стратешки истражувања и едукација денеска во Општина Гази Баба одржа предавање за тоа како се спроведува референдум на локално ниво.

Претставникот на проектот Проф. д-р Дарко Спасевски од Правниот факултет ,,Јустинијан Првирече дека многу често граѓаните се прашуваат дали како граѓани се доволно силни да ги сменат работите или да влијаат врз некоја работа која е важна за нив.

Исто така, понекогаш имаат дилема дали политичарите во нивно име може да донесат одлуки кои се во најдобар интерес. Целта на граѓанските иницијативи како што е локалниот референдум е да овозможи граѓаните самите непосредно да изберат кои се нивните потреби и приоритети, како изградба на инфраструктура, образование, заштита на правата на работниците, проекти од областа на културата и други иницијативи од локално ниво.

Спасевски за пример ја посочи Швајцарија како земја каде граѓаните редовно се изјаснуваат на референдуми за широк круг на прашања. Исто така во Ирска, во 1995 година на референдум со мнозинство од 50,3% беше легализиран разводот на бракот.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски рече дека во Општина Гази Баба досега никогаш не биле спроведени локални референдуми, но во иднина тоа ќе биде честа практика. Локален референдум ќе се спроведе за прашања за кои граѓаните не можат да се договорат.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.