22 згради во Хиподром ќе бидат приклучени на топлификациска мрежа

Поголем број од зградите во Хиподром немаат парно греење, односно не се приклучени кон топлификационата мрежа, иако таа е донесена до Хиподром и првите згради и некои објекти веќе се приклучени на парно греење.

 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, за 1-ва скопска изјави дека општината има план 22 згради илиу околу 1000 домаќинства, кои не се приклучени, да ги приклучи кон топлификационата мрежа.

 

Годинава има намера со поставување мерни инструменти во зградите да се отпочне фазно да се решаваат зградите и индивидуалните домови и во наредните две години да бидат завршени.

 

Георгиевски рече дека Хиподром 1 и Хиподром 2 се приоритетни и првин тука ќе се започе со приклучување кон топловодната мрежа,а подоцна и кон гасификационата мрежа, затоа што гасификацијата е започната во 2001 година и досега 27 субјекти се приклучени на истата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.