Здравата исхрана превенција за многу болести

Во ООУ Кирил и Методиј во Стајковци денеска беа организирани низа активности по повод Меѓународниот ден на учителите.

 

Директорката на училиштето м-р Ана Петровска за 1-ва Скопска изјави дека овој ден одлучиле да го одбележат на посебен начин, од причина да научат нешто ново и да ги освежат знаењата за здравата ихрана и здравите навики.

 

Нутриционистката Цвета Динева смета, како ќе се хранат децата во секојдневието, многу зависи од домот, но исто многу зависи и од наставниот кадар, пред се во детските градинки, во основните и средните училишта па дури и во студенските денови. Правилната исхрана е од витално значење, за она кои сме ние, вели Динева. Таа смета дека на оваа тема треба да и се посвети поголемо внимание со цел да имаме здрави генерации.

 

Динева апелира вакви предавања да се одржуваат организирано и да се ангажираат компетентни луѓе, нутриционисти да ги држат предавањата, бидејќи само така ќе има резултати. Со внесувањето на здравата храна кај децата се зголемува и имунолошкиот систем а со тоа стануваат и поимуни на сите вируси и болести.

 

Покрај предавањето за здравата храна во училиштето се одржуваат и спортски активности, како и еколошка едукација кај децата од страна на наставничките.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.