Во тек е конкурсот за доделување на наградата Големата Мајка

Во тек е конкурсот на Општина Гази Баба за доделување на наградата Големата Мајка. Општината ги повикува граѓаните со живеалиште на подрачјето на општина Гази Баба, како и членовите на Одборот за наградата Големата Мајка, да предложат кандидати.

 

Како што информираат од Гази Баба предлогот мора да биде во писмена форма со име на предлагачот, име и презиме, образложение и куса биографија на предложениот. Во предлогот мора да се наведе за која област се предлага доделувањето на наградата. Иато така, предлогот мора да биде адресиран до Одборот за наградата Големата Мајка-општина Гази Баба, преку архивата на општина Гази Баба.

 

Инаку наградата се доделува за областа на култура, уметност, наука, млади и спорт, образование и воспитание, хуманост и солидарност,  заштита и унапредување на животната средина и природата, аграр,  стопанство и  невладин сектор.

 

Наградата се доделува на физички и правни лица од земјата и од странство, за значајни остварувања од претходната и тековната година, до објавувањето на конкурсот, како и за подолг период на работа и творештво, што заслужуваат внимание на општина Гази Баба. Конкурсот трае заклучно со 19 октомври 2018 година, секој работен ден од 8 до 16 часот. Наградата Големата Мајка се состои од статуетка на Големата Мајка, плакета и паричен износ кој го определува Советот на предлог на градоначалникот.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.