Малолетници запалиле гуми во н.м. Гоце Делчев во Гази Баба

Во населеното место Гоце Делчев во Општина Гази Баба малолетни лица запалиле гуми и предизвикале оган, а од изјавите од локалното население се чуствувала многу лоша миризба.

 

Според информациите од Инспекторатот на град Скопје по пријава од граѓаните на дежурниот телефонски број 193 дежурната екипа на Инспекторатот на град Скопје веднаш се упатила кон месноста Гоце Делчев.

 

Како што информираат оттаму на лице место биле забележани малолетни лица кои палат гуми, каде што веднаш била повикана противпожарната бригада која го локализирала огнот. 

 

Од Инспекторатот на град Скопје за 1-ва скопска информираат дека при пристигнувањето на инспекторите на терен малолетните лица кои биле на возраст од 12 до 13 години веднаш избегале, а инспекторите на терен извршиле испитување на жителите од околните куќи за пронаоѓање на децата, но обидот бил безуспешен.

 

Од инспекторатот апелираат до граѓаните доколу се забележи палење на отворен простор веднаш да биде пријавено на бројот 193 за да можат екипите веднаш да реагираат.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.