Учениците од Стајковци со осмомартовски пораки до мајките

По повод празникот на жената 8-ми Март во ООУ Кирил и Методиј во Стајковци се одржа манифестација посветена на мајките.

 

Дел од учениците изработија симболични цвеќиња од хартија кои им ги подарија на родителите и наставничките кои присуствуваа на манифестацијата. Учениците од прво до деветто одделение по повод празникот ги причитаа најубавите песни напишани за нивните мајки. Како што изјави директорката на училиштето, Виолета Поповска оваа манифестација е од големо значење бидејќи е посветена на сите жени и мајки.

 

Директорката Поповска додаде дека на тема мајка учениците направија и ликовна изложба каде децата си ги насликаа нивните мајки. Ликовната изложба е поставена во холот на училиштето а децата работеа во повеќе техники. Можеа да се видат изработки од глина како и други видови на ликовни техники.

 

На манифестацијата  присуствуваше и познатиот македонски сликар Живко Поповски Цветин кој со неговите цветни цртежи привлече големо внимание и интерес кај децата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.