Учениците од ОУ „Вера Јоциќ" во Хиподром, на есен ќе учат во нов обејкт
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 30 Мај 2019
Во населбата Хиподром во општина Гази Баба денеска беше пуштен во употреба нов објект на основното училиште „Вера Јоциќ", што ги заменува старите и дотраени бараки каде што учат околу 550 ученици.
Изграден е на површина од 2.125 квадратни метри, со приземје, кат, подрум, 12 училници, шест кабинети, просторија за наставници и библиотека. Објектот е енергетски ефикасен и обезбедува современи услови за настава со капацитет за 600 ученици.
Инвестицијата за изградба на ОУ „Вера Јоциќ" е околу 60 милиони денари, од кои 55 милиони се за објектот, а останатите средства се вложени во опремување со инвентар. Мионистерот за образование и наука Арбер Адеми најави и изградба на спортска сала во склоп на училиштето.
Во општина Гази Баба има 11 основни училишта во кои што изминатиов период беа заменети прозорците, санитарни јазли и покривите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс