Општина Ѓорче Петров овозможува бесплатен транспорт до болниците за повеќе категории лица

Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст за сите болни, немоќни, изнемоштени и социјално ранливи-категории на лица овозможува бесплатен транспорт до здравствените установи, доколку лицата имаат закажано претходно термин за лекарски преглед.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и секретарот на Црвениот крст, Сузана Тунева Пауновска денеска го потпишаа договорот за бесплатно користење на возилото.

Корисникот кој има потреба од превоз може да се јави на телефонски број 02/15330 во контакт центарот на Црвен крст секој ден во текот на 24 часа. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот прв дојден-прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од 8 до 16 часот.

При закажување на термин потребно е да се дадат целосни податоци. Лицето кое треба да е жител на општина Ѓорче Петров има право на бесплатен превоз финансиран од страна на општината во еден правец, максимум 4 пати во текот на 1 година.

Ова е една од мерките во соработка со Црвениот крст преку која општината ги подобрува социјалните услуги за граѓаните и една од мерките која е планирана за годинава во рамки на социјалниот план на Општина Ѓорче Петров за 2023 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.