Реконструкција на спортската сала во ООУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров

Со менување на подот во училишната спортска сала, кој ќе биде заменет со нов гумиран под, бојадисување на салата, но и молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, денеска почна реализација на проектот „Санација и опремување на спортската сала во ООУ ‘Мирче Ацев’“, извести Општина Ѓорче Петров.

Општината во соработка со Министерството за образование и наука денеска ги почна градежните работи за репарација на училишната сала, каде што неопходно беше да се санираат дотраените елементи.

Ова е прв чекор од проектот. Во втората фаза училишната сала ќе биде опремена со нови спортски реквизити.

Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Александар Стојкоски, кој истакна дека ова е уште еден чекор кон подобрување на условите во училниците и салите.

„Децата мора да имаат соодветни материјали за работа, но и за спортување. Само така создаваме здрави и спортски генерации и само така им ја всадуваме љубовта кон физичкото образование уште од најрана возраст“, рече Стојкоски.

Проектот на МОН опфаќа рехабилитација на 10 објекти за физичко образование за основни и средни училишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.