Априлијада во централниот парк во Ѓорче Петров

Креативни, оргинални, одлични маски денеска продефилираа во централниот парк во Ѓорче Петров на „Априлијадата“ што ја организира Општината во соработка со училиштата и градинката.

„Најважно од сè е што видов многу весели дечиња на едно место. Особено ми е драго што повторно ги усреќивме нашите најмлади жители за кои ја приредивме оваа манифестација затоа што за мене како градоначалник, но и како родител, нема поголема радост од насмеани млади лица“, вели градоначалникот Александар Стојкоски.

„Маските многу позитивно ме изненадија. Се воодушевувам на идеите и креативноста. Честитки за оргиналноста на сите учесници и честитки и до сите добитници на наградите, кои ги доделивме по повод 1 Април – Денот на шегата“, додава Стојкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.