Градежна офанзива во општина Ѓорче Петров
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 04 Септември 2024
Општина Ѓорче Петров информираше за најновата градежна активност. Во моментов се изведуваат работи на асфалтирање на кракците на улица 51 во Стопански Двор, како и краците на улица 31 и улица 49 во Волково.
Со овие активности, кои опфаќаат вкупна површина од 2300 м², директно се подобруваат пристапните патишта до домовите на нашите сограѓани, велат од општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски изрази гордост што локалната самоуправа успешно ги реализира ветувањата, истакнувајќи дека секој завршен проект е доказ за посветеноста и чесноста во работата.
„Работиме со цел да го направиме Ѓорче Петров место со подобри услови за живот и модерни патишта. Ѓорче Петров без кал е веќе реалност“, изјави Стојкоски.
„Со секој нов проект се приближуваме кон нашата визија за современа и просперитетна заедница“, додава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс