Стефан Георгиевски од Ѓорче Петров го фати светиот крст во Влае
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 19 Јануари 2025
Денеска на пладне, жителите од општините Карпош и Ѓорче Петров, на заедничка манифестација на ,,Железниот мост” во населбата Влае, го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Локалната самоуправа оваа година ја поддржа оваа манифестација со 40.000 денари, а за безбедноста на капачите кои учествуваа во верската церемонија во водите на реката Вардар, се погрижи десетчлената единица за заштита и спасување од Општина Карпош. Покрај големиот број верници, на традицоналната манифестација, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој беше придружуван од членовите на Советот на Општината.
-Ова е голем празник за христијанските верници. Општина Карпош традиционално ја поддржува оваа манифестација,особено за граѓаните од Нерези и многу сум среќен што голем број верници се собраа денеска да го одбележиме овој голем празник за сите. На сите овогодинешни фаќачи на крстот во целата држава, им посакувам добро здравје и среќа и секоја година да се фрлаат во ладните води на реките и езерата, во знак на овој голем ден – накратко се обрати Јакимовски.
Во духот на христијанската традиција, свештените лица од црквата „Свети Пантелејмон“ од Нерези и „Свети Петар и Павле“ од Ѓорче Петров, го положија крстот во реката Вардар, при што најголема среќа имаше Стефан Георгиевски од Новоселски пат, од општина Ѓорче Петров, кој прв дојде до оваа света реликвија. Инаку, според религијата се верува дека токму овој крст, ќе му донесе нему здравје и бериќет во претстојнава година. По завршувањето на манифестацијата, присутните граѓани и верници се упатија кон црквата „Свети Пантелејмон“, каде што ги чекаше пригодна славска трпеза.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс