Отворена канцеларија за психолошко советување и поддршка во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров ја продолжува својата посветеност на заштитата и поддршката на жртвите на насилство, со отворањето нова канцеларија за психолошко советување и советување со социјален работник, како и бесплатна СОС-линија 141-700, достапна за жени жртви на семејно насилство.

 

Канцеларијата се наоѓа во просториите на Општина Ѓорче Петров, поточно на приземјето и ќе биде отворена секој четврток од 10 до 14 часот за сите оние на кои им е потребна поддршка.

 

Таа ќе функционира во соработка со Националниот совет за родова рамноправност со цел обезбедувањ психолошка поддршка, правни совети и социјално советување за жртвите на семејно насилство и насилничко опкружување.

 

По повод отворањето на канцеларијата, денеска беше одржана и стручна трибина, на која беа претставени условите и можностите што оваа канцеларија ги нуди, како и стручниот тим составен од психолог, правник и социолог. На трибината беше нагласена важноста од психолошката поддршка во процесот на соочување со стравот и излезот од насилничкото опкружување.

 

Општина Ѓорче Петров и понатаму активно работи на подобрување на состојбите поврзани со каков било вид насилство, буллинг или други форми на злоупотреба. Со овие активности Општината продолжува да ја засилува својата ангажираност во заштитата и ослободувањето на жртвите од насилните средини





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.