Крајна фаза од реконструкцијата на улицата Радушка во Ѓорче Петров

Реконструкцијата на улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров која сега изгледа модерно и безбедно за сите корисници е во завршна фаза, известува општината.

 

„Станува збор за поставување ново асфалтно-бетонско покритие на 1.110 од вкупно 2.200 метри од улицата, поточно од гробиштата до ул.„Црногорска“ во вредност од 25 милиони денари (со вклучен ДДВ), средства од општина Ѓорче Петров.

 

На оваа улица, досега, изградена е нова фекална и атмосферска канализација, што значително ја подобрува инфраструктурата, направен е нов тротоар од една страна од улицата за поголема безбедност на пешаците, додека онаму каде што немаше осветлување, поставени се нови светла, кои ја зголемуваат безбедноста во вечерните часови“, соопшти општината.

 

„Во оваа фаза на проектот вложени се значајни средства од општина Ѓорче Петров, и покрај сите предизвици, резултатите се очигледни – една поинаква, модерна и безбедна улица за сите нас.

 

Со завршувањето на овие 1.110 метри, целосно ќе се заврши реконструкцијата на улицата. Ова е само дел од напорите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во нашиот град. Работиме напоредно на сите сфери кои се исклучиво од интерес на граѓаните и јавното добро“, додаваат од општина Ѓорче Петров





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.