Општина Ѓорче Петров со јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти за 2025 година

Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година.

 

Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје.

 

Краен рок за аплицирање е 29 мај 2025 година, а пријавите се доставуваат по пошта или лично во архивата на oпштина, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Пликот треба да биде без идентификациски ознаки и со назнака „не отворај – за Комисијата за распределба на буџетски средства за спорт“.

 

Кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи пријава, програма за работа, потврди, финансиски извештај и докази за регистрирана дејност, согласно со типот на апликантот (клуб, спортист, манифестација).

 

Одлуката за избор ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров (www.opstinagpetrov.gov.mk) најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Избраните корисници, според соопштението, потпишуваат договор со општината, по што следи исплата на 50% од средствата. Останатите средства се исплаќаат по доставување на финансиски извештај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.