Градоначалникот на Ѓорче Петров разменува искуства со градоначалникот на Разлог

Наумоски во посета на Разлог

Проекти кои во голем дел се однесуваат на сочувување на животната средина и изградба или обнова на енергетски ефикасни објекти, како и проблемот со депониите, се темите на кои градоначалниците на Општина Ѓорче Петров и Општина Разлог од Бугарија ги разменуваат своите искуства во рамки на посетата на градоначалникот Наумоски во Општина Разлог.

 

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во рамки на дводневната посета во општина Разлог се сретна со неговиот бугарски колега, Красимир Герчев. Од општината информират дека на средбата освен што се разговарало на теми од заеднички интерес, двајцата градоначалници се согласиле да работат со меѓусебна помош во иднина, преку размена на идеи и искуства. Акцент е ставен на сочувување на животната средина и што е можно повеќе изградба или обнова на енергетски ефикасни објекти, како и проблемот со кој се соочуваат двете општини, а тоа се депониите.


Денеска на делегацијата од Скопје ќе и биде презентиран нов проект кој го имплементирала оваа општина со помош од ЕУ, а исто така се однесува на сочувување на животната средина, што во иднина би можело да биде значајно искуство за општина Ѓорче Петров.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.