Делови од Ѓорче Петров и Сарај утре без струја

 Дел од жителите од горниот дел од скопското село Рашче утре од 9 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.

Во истиот период без снабдување со струја ќе бидат и дел од корисниците лоцирани на улиците „2“ и „22“ во населеното место Црквиште во село Волково. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.